Мени

Проектот “Привремена поезија“ стигна во Куманово

21.08.2014 07:42 | KumanovoNews

 Стихови од познати македонски и светски автори се објавени на повеќе локации низ градот, со цел да го привлечат вниманието на граѓаните.

Проектот “Привремена поезија“ стигна во Куманово

Млади ентузијасти пораките ги залепиле на Градскиот плоштад, пред зградата на Комитет и на булеварот “Трета МУБ“, како дел од проектот “Привремена поезија“, кој почна од Струмица и се прошири во другите градови. На граѓаните оваа акција им се допаѓа и велат дека е многу поучна за младите.

„Добро е за младите, да имаат со што да се занимаваат, повеќе да читаат. Секогаш читањето е повеќе знаење. Колку повеќе читаат, полку полесно ќе се снајдат во животот и ќе се пронајдат себе си “ - изјави Ленче Ценевска.

Сите други граѓани кои сакаат да се вклучат во промовирање на поезијата можат да изберат неколку стихови од нивниот омилен автор и да ги залепат на јавен простор каде ќе бидат видливи за поголем број луѓе.