Мени

Прогласување на учениците на генерација

23.05.2011 09:16 | KumanovoNews

 Регионалното здружение на просветни работници од Куманово по повод 24 мај Денот на македонските просветители „Кирил и Методи„ организира свеченост во Младинскиот културен центар „Козјак„.

Прогласување на учениците на генерација

 На прославата ќе бидат прогласени најдобрите ученици на генерацијата во основните и средни училишта во градот. Наградите ќе им ги врачи градоначалникот Зоран Дамјановски. Потоа ќе следува богата културно-уметничка програма.

Почетокот е закажан во 19 часот.