Мени

Пролонгиран рокот за петицијата за екстерно тестирање

09.07.2013 15:15 | KumanovoNews

До 12 јули ќе се собираат потписи екстерното тестирање да се прогласи за пилот-проект.

Пролонгиран рокот за петицијата за екстерно тестирање

Досега 750 кумановци дале подршка на петицијата што е слабо во однос на другите градови.

Кај нас оди послабо додека Битола и Охрид имаат соберено над 1500 потписи. Секој ден има по два штанда во Куманово од кои едниот е секогаш на Градскиот плоштад, а другиот ја менува локацијата од ден на ден. Некогаш е пред Комитет, некогаш пред Гимназија “Гоце Делчев“, кај Соколана или на Градски Кеј. Највеќе се потпишуваат ученици и загрижени граѓани. Има наставници и родители кои не сакаат да си го откријат идентитетот затоа што запишуваат во кое училиште им учи детето и се потпишуваат како загрижени граѓани - вели Катерина Ѓорѓиевска, волонтер.

Петицијата ја организира Младински образовен форум, а во Куманово потписи собираат волонтери од Центарот за меѓукултурен дијалог.

Оваа петиција почна од минатиот вторник.