Промовиран филмот “Десидент“ за Драган Богдановски
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ синоќа беше промовиран филмот “Десидент“ за ликот и делото на Драган Богдановски, во организација на Унијата на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ.
Филмот за идејниот творец на ВМРО - ДПМНЕ побуди голем интерес кај членовите на партијата, но и кај други граѓани.
Тој е една маргинализирана личност за која е дојдено времето македонската јавност да ја запознае. Тој се залагал за самостојна Македонија со свој јазик, идентитет, своја територија. Дури лежел затвор 13 години и мислам дека е време таквите личности да го добијат заслуженото место во македонската историја - вели Срѓан Ивановски, претседател на УМС на ВМРО - ДПМНЕ Куманово.
Филмот премиерно бил прикажан во сабота во кино Милениум и истиот ќе можат да го видат граѓаните во поголемите градови во земјава. Караванот завршува на 28 декември кога “Десидент“ ќе биде прикажан во Битола.