Мени

Промовиран интернет сајт за вмрежување на организации

11.12.2013 16:32 | KumanovoNews

Центарот за меѓукултурен денеска промовираше интернет сајт преку кој ќе можат невладините организации од регионот можат да воспоставуваат прекугранична соработка.

Промовиран интернет сајт за вмрежување на организации

Преку сајтот www.netwess.org невладините организации ќе можат да бараат партнер организации, да се поврзуваат и да се информираат за проекти. Оваа идеја кај младите активисти од невладиниот сектор се јавила пред две години, но сега успеале истата да ја реализираат. Целта е во иднина да има поразвиена регионална и прекугранична соработка меѓу организациите.

Голем дел од организациите ќе кажат дека им недостасува регионална, а од друга страна практикуваат меѓународна соработка. Тоа е многу интересно. Сега одиме еден чекор напред. Во Куманово имаме доста добри практики од граѓанските организации, но да видиме како можеме понатаму тоа да го искористиме за целиот регион. Најголем дел од организациите работат доста локално, односно го работат она што општината би сакала да го финансира - вели Стефан Маневски, претставник од ЦИД.

Гостите од Бугарија објаснија дека на сајтот може да се бараат организации за соработка по држава, по област и сфера на дејност.

Има дел за новини и засега ќе биде само за двете партнерски организации ЦИД и Европски институт, но при голем интерес ќе можат и другите организации да закачуваат новости, да се популаризира и полесно да се заврши работата. Во нашиот регион Ќустендил и Благоевград има околу 60 невладини организации - изјави Апостол Апостолов, ИТ експерт во невладината Европски институт.

На денешната работна средба беа поканети триесетина невладини организации од нашиот регион.