Мени

Пропаѓаат празните селски школи

14.12.2012 12:06 | KumanovoNews

 Од недвижниот имот кој го поседува Општина Куманово, најголем дел отпаѓа на празните подрачни селски училишта кои се запустени. Нив ги има околу дваесетина, а се лоцирани во села каде скоро и да нема деца кои би посетувале настава.

Пропаѓаат празните селски школи

Миле Јакимовски, советник од ВМРО - ДПМНЕ праша што понатаму со овие објекти, дали локалната самоуправа има план што ќе прави со нив.

- Со одлука од 2005 година, тие се во надлежност на Општината. Се работи за објекти, два или три на ОУ “Браќа Миладиновци“, исто толку ОУ “Кочо Рацин“, дел од нив се руинирани, а некои опожарени. Ако не е вложено 30 години, нормално дека ќе пропаѓаат. Ние не можеме да направиме демографски бум да функционираат тие училишта. Дали не е време за концепција за отуѓување на тие објекти. Таму исто така се гласа на секои избори - вели Јакимовски.

Миле Стојменовиќ од Секторот за образование во Општина Куманово кажа дека 40 отсто од училиштата се препуштени на забот на времето. Тој објаснува дека дел од овие згради се мали, но се во добра состојба.

- Единствен објект кој е даден за општествено корисна работа на Министерство за правда пред пет години е во село Кшање кој беше поквалитетен и сега е Казнено поправен дом. Сите не се во состојба за пренамена. На некои им треба реконструкција, а некои не се за ништо употребливи. За некои не се исплати да се вложува, бидејќи тоа веќе е како да се изградени нови училишта - рече Стојменовиќ.

Советникот Јакимовски даде идеја дека старите и празни училишта можат да се искористат за отварање на летувалишта, одмаралишта за деца, селски задруги и слично.