Мени

Прослава за мини матуранти во “Развигорче“

05.06.2014 09:04 | KumanovoNews

 Прослава за мини матуранти, денеска се оддржа во објектот “Развигорче“, на градинката “Анѓел Шајче“.

Прослава за мини матуранти во “Развигорче“

По тој повод имаше пригодна културно - уметничка програма за најмалите, кои на есен тргнуваат во прво одделение.

- Оваа година имаме 78 мини матуранти само во “Развигорче“. Мини матурантите ќе засадат дрво на генерација, ќе ги фрлат капите, а потоа ќе се претстават со стихотворби, оро, а ќе има точка на англиски јазик - изјави Ленче Алексовска, одговорен воспитувач во “Развигорче“.

Прослави за мини матуранти ќе има и во другите објекти на градинката “Анѓел Шајче“.

На денешната манифестација за мини матуранти имаше голем број родители и претставници од локалната самоуправа.