Мени

Прославен патронатот во „Толи Зордумис„

08.06.2011 11:40 | KumanovoNews

 Основното училиште  "Толи Зордумис", го прослави  патрониот празник и 49 години од постоењето.Училиштето наредната учебна година треба ќе ја започне во проширена училишна зграда.

Прославен патронатот во „Толи Зордумис„

"Со средства обезбедени од локалната власт во вредност од 12 милиони денари, се гради објект со кој ќе се добијат дополнителни  три нови училиници со комплетна инфраструктура, поврзување со централно греење и санитарни јазли.Од друга страна во подрачното училиште во село Режановце инвестиравме во водоводна мрежа и канализација"-вели директорот  Нинослав Трајковски.

 Ова училиште, минатиот месец беше домаќина на потпишувањето на меморандум  за соработка во рамките на програмата "Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем". Проектот се реализира во соработка со Здружението за едукација консалтинг и комуникација  ОХО, а  го финансира Швајцарската Агенција за обнова и развој,со поддршка на  Министертвото за образование и наука.

Во училиштето "Толи Зордумис",наставата се изведува на македонски и албански наставен јазик, а учат 640 ученици во централното и 100 тина ученици во подрачното училиште.