Противпожарна вежба во “Светозар Марковиќ“
19.05.2014 07:28
| KumanovoNews
По повод 20 мај - Денот на пожарникарите во среда во основно училиште “Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане ќе биде изведена тактичка противпожарна вежба.
На настанот поздравен говор ќе имаат организаторите, потоа на присутните ќе им биде објаснет текот на вежбата која ќе се реализира во период од 11 до 12 часот. По изведување на вежбата ќе има анализа на истата и коктел.
Противпожарната вежба ја организира Противпожарен сојуз на Македонија заедно со Дирекција за заштита и спасување, Противпожарен општински сојуз Куманово, пожарна Куманово и Општина Старо Нагоричане.
Целта е со овој настан да се подигне свеста за опасноста од пожари.