Провејуваат првите снегулки
08.12.2011 12:15
| KumanovoNews
Во Кумановско, предпладнево, покрај дожд, заврна и првиот снег. Крупните снегулки во градот веднаш се топеа, а снежна покривка се формира на Матејачка планина, Козјак и Четирски рид.
На две недели пред календарското започнување на зимата, веќе се чувствуваат пониски температури.
Метеоролозите најавуваат дека времето во Македонија ќе биде облачно и студено, со магла по котлините и речните текови.Температурата ќе се движи од нула до девет степени.