Мени

Пуковско доби булевар

08.11.2011 12:29 | KumanovoNews

Населбата Пуковско доби две современи улици. Реконструирани се и изградени улиците 400 и 425 кои поминуваат низ центарот на неселбата, а синоќа беа свечено предадени во употреба.

Пуковско доби булевар

Овој дел од градот со години имаше проблеми поради неизграден инфраструктура, но како што гледате почнавме да ги решаваме тие проблеми. Во должина од 500 метри реконструирана е улиците 425, а целосно е изградена улицата 400 каде е поставено и улично осветлување. Со тоа отпочна процесот на инвестиција и се надевам дека наскоро жителите на оваа населба ќе имаат сите услови за урбано живеење - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

За изградба и реконструкција на двете улици општината потроши околу 20 милиони денари. На улиците ќе бидат изградени и тротоари.

Градоначалникот ни вети дека ќе ни изгради улица, но изгради булевар во нашата населба. Затоа во име на сите жители на населбата, сакам да се заблагодарам на луѓето во општината Куманово, кои имаа разбирање за нашите маки и помогнаа во изградбата - изјави претседателот на месната заедница Светозар Стефановски.

Во населбата беше организирана свеченост на која пееше Милица Кузмановска.