Мени

Пуштен во употреба патот Ропаљце - Никуштак - Арачиново

25.02.2014 13:51 | KumanovoNews

 Денеска е пуштен е во употреба регионалниот пат Ропаљце - Никуштак - Арачиново.

Пуштен во употреба патот Ропаљце - Никуштак - Арачиново

Патот е во должина од 14,5 км, а за негова реконструкција  потрошени се 157.000.000 денари.

Уште еден проект е завршен од страна на јавното претпријатије за државни патишта, која што исполнувајќи ја владината програма за изградба, рехабилитација и реконструкција го заврши првиот дел од регионалниот пат од Арачиново до Липково - вели Никола Стојанов, помошник директор во ЈП за државни патишта.

Од претпријатијето објаснуваат дека работите се завршени предвреме, а во тек се работи на релација Липково - Оризари, на делница од село Ваксинце преку Лојане до Србија, Куманово - Романовце во должина од 4 км, како и други правци.