Мени

Пуштено во употреба игралиште во Орашац

14.10.2013 14:06 | KumanovoNews

 Денеска беше пуштено во употреба новото спортско игралиште во дворот на Основното училиште “Кочо Рацин“ во село Орашац.

Пуштено во употреба игралиште во Орашац

Во употреба го предаде градоначалникот Зоран Дамјановски, кој најави дека до крајот на годината игралиштето ќе биде оградено и осветлено.

Овој проект го почнавме пред неколку месеци и еве денеска го пуштаме во употреба за потребата на учениците по физичко воспитување. Ова училиште во некои добри времиња имаше и по 200 ученика, а немаше ваков спортски терен. Нема да застанеме тука, ќе го заокружиме проектот со донесување на спортски реквизити и ограда која ќе го заштити игралиштето, ќе биде побезбедно - изјави Дамјановски.

Директорот Драгиша Цветковиќ објасни дека ОУ„Кочо Рацин“ има неколку подрачни училишта, но тој вложува напори тие да се доградуваат и да не бидат запоставени.

 Ова е подрачно училиште. Овдека имаме 16 ученици од 1 до 5 одделение и 20 ученици од 6 до 8 одделение. Нашите училишта не ги запоставуваме и во нив работиме. Ние работиме, создаваме како во централното така и во овие училишта. Голема благодарност за градоначалникот, иако ја знаеме состојбата во општината, одвои средства за ова игралиште што е од големо значење за учениците и за месното население - рече Цветковиќ.

За овој проект досега се вложени 22.000 евра. Игралиштето е со површина од 900 квадрати. Понатаму се планира замена на прозорци и обнова на фасада преку проект за енергетска ефикасност.