Мени

Работилница за заштита од дискриминација

23.07.2013 13:15 | KumanovoNews

 Во зградата на поранешен Комитет, утре со почеток во 11 часот ќе се оддржи информативна работилница за ромската заедница.

Работилница за заштита од дискриминација

Ќе се промовираат механизмите за заштита на човековите права, односно принципот на недискриминација, работата на Комисијата за заштита од дискриминација и информирање за начинот на поднесување претставки, начинот на работа на комисијата и постапување, Законот за спречување и заштита од дискриминација - велат организаторите од НРЦ.

Работилницата ја организира Националниот Ромски Центар во соработка со Комисија за заштита од дискриминација.