Мени

Ракот на дебело црево зема замав

21.05.2014 13:24 | KumanovoNews

27 болни од рак на дебело црево се откриени лани во Куманово.

Ракот на дебело црево зема замав

Ракот на дебело црево зема замав и е втора најчеста канцерогена болест кај жените и трета најчеста кај мажите, беше кажано на денешното предавање во Општа болница организирано од Здружение на дијабетичари Куманово.

Појавувањето на болеста многу зависи од начинот на живот, физичката активност, начинот на исхрана, пушењето, конзумација на алкохол, меѓутоа има влијание и наследниот фактор. Имаме скрининг тестови, фоб тестови за откривање на крвавење кое не е видливо со голо око во столица. Се следат три последователни столици во една недела и се носат на микробиологија. Тие резултати се носат кај матичниот лекар и тој го упатува пациентот што понатаму  - вели Радмила Максимовска Симоновска од Центар за јавно здравје Куманово.

Навременото откривање помага за лекување на ракот на дебелото црево и поквалитетен живот.