Мени

Расчистена улицата “Никола Тесла“

28.02.2013 09:47 | KumanovoNews

 Наносите од водата на улица “Никола Тесла“ се расчистени со механизација- тврдат од Центарот за управување со кризи.

Расчистена улицата “Никола Тесла“

Дрвата кои реката го донела се отстранети. Сите луѓе кои вчера побараа помош бидејќи куќите им се поплавени, со пумпи водата е извлечена и тие домови се во функција. Бидејќи три дена по ред нема нови врнежи водата во речните корита е намалена и повлечена. Денеска ќе се работи во коритата на реките Којнарка и Липковка, ќе се чисти делот кај Средорек - велат од ЦУК.

Механизација денеска ќе работи во село Пелинце кај мостот на река Пчиња.