Распишан конкурс за радио прилози
25.04.2013 13:22
| KumanovoNews
По повод 9 мај - Денот на Европа, невладините организации Центар за меѓукултурен дијалог и Млади Европски федералисти ЏЕФ Македонија, распишаа конкурс за новинарски прилози на тема “Што Европа имаш во твоето маало“.
Заинтересираните аматери или професионалци можат да испратат аудио запис било да е колумна, интервју, извештај, радио емисија во траење од 10 до 20 минути. Најдобрите три ќе добијат вредни награди, а сите пристигнати прилози ќе се емитуваат на МултиКулти Радио.
Организаторите се надеваат дека на овој начин ќе откријат новинарски таленти.