Мени

Распоред на богослужби за Велигден

18.04.2014 07:30 | KumanovoNews

По повод големиот христијански празник Велигден во двете цркви „Свети Никола„ и „Света Тројца„ ќе се служат божествени литургии.

Распоред на богослужби за Велигден

На Велики петок во црквите во градот во 7 часот ќе има царски часови и Вечерна богослужба со изнесување на Плаштаницата.

Во 20 часот вечерва ќе има чин на погребение со статии.

На Велика сабота во 8 часот ќе има Василева литургија, а во 23.30 часот ќе има служба на воскресение Христово.

На Велики петок владиката Јосиф ќе биде во храмот “Свети Димитрија“ во Крива Паланка каде во 20 часот ќе чиноначалствува со чин на погребение на статии.

На Велигден во недела тој ќе биде во “Свети Јован Крстител“ во Кратово каде во 23.30 часот ќе има служба на воскресение Христово.

Истиот ден владиката ќе чиноначалствува со пасхална голема вечерна во 9.30 часот во црквата „Свети Никола„.