Мени

Распустот започна, рестрикции на линиите нема

02.01.2013 11:21 | KumanovoNews

Нема да се кратат автобуските линии додека трае зимскиот распуст на учениците.

Распустот започна, рестрикции на линиите нема

Од претпријатието “Штуз“ велат дека само во текот на летото ги укинуваат линиите кои се наменети претежно за превоз на ученици.

 Засега нема рестрикции на патните правци, освен што пуштаме помали возила и кон селата и низ град. Тоа се комбиња со 30 седишта. Праксата ни беше иста и претходните години. До село Клечовце пуштаме помали возила за да не се бунат луѓето. Мораме да им удоволиме на патниците, инаку ќе се возат со диви превозници - вели Борче Трајковски, советник во “Штуз“.

Од фирмата “Јоцо Турс“ објаснуваат дека сообраќаат редовно на сите линии. Тие велат дека и во лето линиите се оддржуваат без рестрикции. И од “Оли травел“ потврдуваат дека скратување на линиите немаат засега, а за понатаму не се знае.