Мени

Расте бројот на заболени од грип

21.01.2014 14:28 | KumanovoNews

378 заболени од грип се регистрирани во последниве две недели во Куманово.

Расте бројот на заболени од грип

Од нив 273 заболени се регистрирани само во последнава седмица, информираат од Центарот за јавно здравје.

 Најмногу заболени има на возраст од 15 до 64 години и тоа 227. Од 5 до 14 години има 67 заболени, а до 4 годишна возраст има 47 заболени од грип. Над 65 години се евидентирани 37 заболени. Од вкупниот број на пациенти 38 се хоспитализирани на инфективното одделение во Општа болница Куманово - велат од Центарот за јавно здравје.

Епидемилозите советуваат граѓаните почесто да ги мијат раце, да ги проветруваат просториите и да избегнуваат контакт со заболени од грип.