Регионален натпревар по противпожарна заштита
29.11.2012 08:59
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утре ќе се оддржи регионален натпревар на тема “Заштита од пожари“ на кој учество ќе земат деца од Куманово, Свети Николе, Пробиштип и Кратово.
Куманово ќе го претставуваат кадетите од ОУ“Браќа Миладиновци“ и јуниори од техничкото “Наце Буѓони“ кои беа најдобри на општинскиот натпревар.
Во организација на Противпожарен сојуз на Македонија и Општинскиот противпожарен сојуз Куманово, 28-от по ред регионален противпожарен натпревар ќе почне во 12 часот.