Мени

Регионот прв во изготвување план за управување со отпад

19.11.2013 12:06 | KumanovoNews

Североисточниот регион преднични пред другите региони во државата во однос на изготвување на план за управување со отпад.

Регионот прв во изготвување план за управување со отпад

Тоа го истакна претставникот од Министерството за животна средина на денешната работилница посветена на стратегиската оценка на влијанијата врз животната средина што ја организираше Центарот за развој на североисточен плански регион.

Морам да ве пофалам бидејќи вие предничите во изработка на планот, и ние ви стоиме на располагање за сите прашања. Останатите региони сеуште немаат почнато процедура за донесување на план за управување со отпад.- рече Ана Каранфилова Мазневска, обраќајки се на присутните претставници на општините.

Проект како дел од ИПА програмата се спроведува година ипол во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Аплициравме преку ИПА за изработка на регионален план за управување со отпад. Со најновите измени на Законот за управување со отпад сите региони во државата, а североисточниот и источниот како пилот региони први ќе бидат во програмата и мора да имаат регионален пристап за справувањето со отпад. - вели Атина Мургашанска, заменик раководител во Центар за развој на североисточен плански регион.

 За потребите на планот се организираат работилници за вработените во локалните самоуправи. Консултански тим составен од домашни експерти во соработка со локалната администрација од општините во североисточниот регион ќе изготви и извештај за влијанијата врз животната средина.