Регистрирани четири дефекти во водоводната мрежа
22.08.2013 08:02
| KumanovoNews
Од ЈП“Водовод“ информираат дека утрово снабдувањето со вода поради дефекти е прекинато на четири улици.
Вода немаат станарите од улиците “Борис Кидрич“, “Моша Пијаде“, улица “318“ во населба Ајдучка Чешма и “6“ во населба Јане Сандански. Вработени од ЈП„Водовод“ веќе се излезени на терен и работат на отстранување на дефектите.
Снабдувањето со вода на наведените четири локации треба да се нормализира за неколку часа.