Реконструиран дел од “Октомвриска револуција“
02.05.2013 11:26
| KumanovoNews
Општина Куманово го реконструираше делот од “Октомвриска револуција“ кај бензинската пумпа близу Автобуската станица.
Реконструиран е тој дел за да се подобри сообраќајната комуникација од бензинската пумпа до семафорите. Тој дел е фреквентен, луѓето полнат гориво. Површината е околу 500 квадрати. Направена е атмосферска канализација до канцеларијата на ЕВН Македонија. Треба да се реконструира поголем дел од булеварот, но проблем се нерешени имотно - правни односи - изјави Момчило Јовановски од секторот за урбанизам во Општина Куманово.
Тој додава дека деновиве се “крпат“ дупки на улиците “Тонко Димков“, Бајрам Шабани“, “Доктор Рибар“ и на други локации во градот.