Мени

Реновирана фискултурна сала во “Браќа Миладиновци“

03.12.2013 15:15 | KumanovoNews

По повод 3 декември - Меѓународен ден за лица со посебни потреби денеска беше пуштена во употреба реновираната фискултурна сала за посебните паралелки во ОУ“Браќа Миладиновци“.

Реновирана фискултурна сала во “Браќа Миладиновци“

Во салата е направена целосна санација на влага со хидро и термо изолација.

Таа е варосана и заштитена со мрсна боја. Опремена е со нови душеци, коцки од сунѓер, топки и други справи и реквизити за изведување на физички, сензорски и спортски активности. Сето ова не ќе беше успешно завршено доколку добрите и хумани луѓе од бизнис секторот во градот, својата хуманост и добрина не ја покажаа на дело - изјави Маја Насковска, дефектолог.

Од училиштето најавуваат дека следни проекти им се продолжен престој за ученици со посебни потреби, опремување на просторија за сензорна интеграција, реновирање на тоалети и друго.