Реновирана училишната работилница во “Наце Буѓони“
Со сретства од УСАИД, локалната самоуправа и училиштето, заменети се вратите и прозорците, поплочен е подот, а обновена е и фасадата.
Завршено е реновирањето на работилницата во техничкото училиште “Наце Буѓони“. Со сретства од УСАИД, локалната самоуправа и од училиштето, заменети се вратите и прозорците, поплочен е подот, а обновена е и фасадата.
Работилницата е од голема важност за училиштето, бидејќи таму се изведуваат часови по практична настава за учениците од машинска и електротехничка струка. Работилницата во минатото беше запуштена. Со години немаше некоја позначајна инвестиција, но сега со проектот за обнова на работилницата беа вложени 20 иљади евра - изјави Златко Гиновски, професор по машински предмети.
Сега училиштето има комплетно реновирана работилница каде ќе се изведува пракса во современи услови.