Републичка средба на пензионери во Пелинце
14.08.2014 09:41
| KumanovoNews
Републичка средба на пензионери ќе се одржи во сабота во Пелинце, во организација на Здружение на пензионери Куманово.
На средбата ќе присуствуваат пензионери од 25 здруженија од Македонија како и пензионери од Врање, Лесковац и Прокупље од соседна Србија.
Пред присутните ќе се обрати претседателот на Сојуз на пензионери, Драги Аргировски и градоначалниците на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. На средбата ќе има околу 2000 пензионери, ќе има музика и дружење - вели Ристо Даутовски, секретар во Здружение на пензионери Куманово.
Републичката средба се одржува традиционално по 13 - ти пат.