Мени

Републички натпревар на млади техничари во Куманово

15.04.2011 08:51 | KumanovoNews

 Во основното училиште „Крсте Мисирков„ утре ќе се одржи 48-та смотра на млади техничари и природници од Македонија. Свеченото отварање е во 10 часот, кога ќе бидат претставени учениците, по што ќе следуваат натпреварувањата по области.

Републички натпревар на млади техничари во Куманово

Натпреварот се организира по повод Денот на просветните работници, а ја организира Народна техника на Македонија во соработка со Сојуз на клубови на млади техничари и Народна техника Куманово.