Мени

Режановце бара изградба на Етно музеј

29.11.2012 09:35 | KumanovoNews

 Од месната зедница на село Режановце го поддржуваат предлогот на пратеникот Оливер Спасовски, Владата да обезбеди пари за изградба на Етно музеј и канализациона мрежа во селото.

Режановце бара изградба на Етно музеј

- Ние од месната заедница во селото Режановце во целост ја подржуваме и поздравуваме заложбата на пратеникот Спасовски, како избран претставник од нашата изборна единица. Воедно ги повикуваме и охрабруваме и другите пратеници од политичките партии на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ги подржат предложените амадмани за Етно музеј и канализациона мрежа во селото - рече Трајан Димковски, претседател на месна заедница Режановце.

Пратеникот Спасовски пред неколку дена ја обвини Владата дека го занемарува Куманово и не вложува во негов развој, поради што тој доставил 18 предлози за изградба на инфраструктурни објекти во Општината.

Етно музејот во селото Режановце содржи приватна збирка од над 1000 народни носии и други етно предмети, кои со години пропаѓаат затоа што никој не сака да ја финасира изградбата на музејот. Сопственикот на колекција Злате Давитковски со сопствени сретства гради мини музеј за да ги заштити од пропаѓање носиите.