Рибарите го прославија денот на водите на Градски кеј
Рибарите од спортско риболовно друштво “Пчиња“ денеска на Градскиот кеј го одбележаа Денот на рибарите.
Со пивтии, ракија и дружење беше прославен празникот. Рибарите кршеа погача и паричката се падна кај Ивица Насковски, вработен во ЈП“Водовод“, кој е прв братучед на годинешниот кум Горан Арсовски.
Многу голема чест ми е. Првпат доаѓам овде после толку години поминати со риболовот. Лани братучед ми беше кум, сега јас ќе бидам. Риболовец сум веќе 20 години - рече Насковски.
Од “Пчиња“ објаснуваат дека седум години по ред на Градскиот кеј го одбележуваат Денот на рибарите со цел собирот да биде помасовен.
Нашите активности се секоја година зацртани со годишен план како порибување, заштита на рибниот фонд, борба против рибокрадци. Тоа ни е основата, но тука спаѓаат и едукација на новите членови на сите нивоа - вели Бранислав Димовски, претседател на “Пчиња“.
На настанот освен рибари присуствуваа граѓани, претставници од општинската админи