Рибарите славеа на Градскиот кеј
Спортското риболовно друштво “Пчиња“ на Градскиот кеј денеска го одбележа Денот на рибарите.
Рибарите конзумираа пивтии, кршеа лепче со паричка и така го избраа новиот кум.
Кај мене се падна паричката, сега сум среќен. Лани на 13 октомври станав шампион за риболов за во Куманово. За следната година исто ќе се подготват пивтии, прасе печено, ракија - рече новиот кум Горан Арсовски.
Бранислав Димовски, претседател на друштвото вели дека собирањето на Градскиот кеј за Водици за нив е традиција. Тој објасни дека петта година по ред бираат кум од своите редови.
Благослов до сите рибари да имаат бериќетна година, да има повеќе дождови, подобар водостој. Се тоа придонесува за поголемо размножување на рибите, поголемо задоволство за риболовците. Секоја година во април месец планираме порибување. Лани порибувавме со пастрмка. Тогаш порибувавме по горниот тек на река Пчиња кај Пелинце. Сега и со крап ќе се пориби долниот дел на Пчиња. Главно за нас е рибочуварската служба, да работи ефикасно, да има што помалку рибократци - изјави Димовски.
На нивата прослава имаше и претставници од локалната самоуправа.