Мени

Риболовци од “Пчиња“ на балканско првенство

13.08.2014 09:35 | KumanovoNews

Спортското риболовно друштво “Пчиња“ освои трето место на Државно првенство на Македонија на Тиквешко езеро, со што обезбеди пласман на балканско првенство.

Риболовци од “Пчиња“ на балканско првенство

Балканското првенство до крајот на годинава ќе се одржи во некоја од поранешните југословенски републики.

   Од пласманот сме задоволни и ова ни е прв пат да учествуваме на балканско првенство. Државното првенство се одвиваше во неколку кола и со собирање на бодови ние сме на трето место во конкуренција на риболовни друштва од земјава. Сега ќе се подготвуваме за балканското првенство. Во слободно време ние сме во река и тоа се на некој начин тренинзи за нас - кажа Бранислав Димовски, претседател на “Пчиња“.

На Тиквешко езеро риболовците се натпреваруваа во лов на јадица со пливка.