Риболовците ќе ловат на Прилепско езеро
14.05.2013 13:38
| KumanovoNews
Членови од Спортското риболовно друштво “Пчиња“ на 26 месецов ќе учествуваат на републички натпревар, кој ќе се оддржи на Прилепско езеро.
Заинтересираните треба да се пријават кај нас , да се направи разговор со нив, да се види со каква опрема располагаат. Ќе пратиме тројца рибиоловци, еден рибар резерва и уште еден претставник кој ќе биде водач на групата. Требаше првото коло да биде на Тиквешко езеро, но поради големиот водостој прво ќе има натпревар на Прилепско езеро - изјави Бранислав Димовски, претседател на друштвото.
Риболовците ќе се натпреваруваат во лов на јадица со пливка.