“Рома труба фест“ по осми пат
Фестивалот на дувачки оркестри “Рома труба фест“ во среда ќе се одржи по 8 пат во Куманово.
Манифестацијата е закажана на Градскиот плоштад во 19 часот.
Ќе учествуваат оркестрите: “ Џамбо Агушеви“ и “Млади Агушеви“ од Струмица, “Левис“ од Виница, “Уска Кан Кантуров“ од Берово, “Сергин Дурмишев“ од Штип. Гости на вечерта ќе бидат пејачот Нино Величковски, Феруз Мустафов, и најдобриот светски трубач од “Џамбо Агушеви“. Од Србија доаѓаат гостите : оркестар “Бојан Ристиќ“ од Владичин Хан и оркестар “Елвис Бајрамовиќ“ од Бојник.
Оркестрите ќе се натпреваруваат за избор на најдобар тапанар, трубист, тубист, баритонист и најдобар оркестар.
Организатор на настанот е Ансамблот на народни ромски игри и песни “Рушит Шакир“ Куманово, а покровители се градоначалникот и Советот на Општина Куманово.