Мени

Рома труба фест по шести пат

05.09.2011 08:53 | KumanovoNews

 Утре започнува, македонската Гуча, Рома-труба фест што по шестти пат ќе се одржи во Куманово. Фестивалот ќе трае два дена, а ќе настапат најпознатите дувачки оркестри од државата и странство.

Рома труба фест по шести пат

 На првата ревијална вечер ќе настапи Ферус Муастафов, гостите од Србија оркестарот на „Демиран Ќеримовиќ„ од Врање, „Кристијан Азировиќ„ и Елвис Бајрамовиќ од Бојник, како и пејачките Благица Павловска, Ребека Јанковска и Андријана Ацевска.

Втората вечер ќе ја отвори Анета Мицевска од групата Молика, а ќе се натпреваруваат оркестрите „Агушеви Џамбо„ и „Млади Агушеви„ од Струмица,„Шампиони Филип„ од Радовиш, „Сергедин Дурмишев„ од Штип, „Илми Агушев„ од Струмица и „Млади звезди„ од Струмица.

Оваа година имаме исклучително богата програма со реномирани гости, и очекуваме голем број на посетители. На фестивалот ќе бидат прогласени најдобар трубач, тапанар, тубист и оркестар за кои имаме обезбедено вредни награди.Најдобриот оркестар ќе ја добие круната на фестивалот- вели директорот на фестивалот Самет Салиевски.

Рома труба фест ќе се одржува на Градскиот плоштад во Куманово со почеток во 20 часот.  Манифестацијата е дел од кумановско културно лето под покровителство на градоначалникот и Советот на Општината.