Мени

Ротари организираa собирна и крводарителска акција

07.12.2013 16:24 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ денеска членовите на Ротари клубот Куманово, организираа собирна и крводарителска акција.

Ротари организираa собирна и крводарителска акција

Собрани се голем број пакети со облека и обувки за помош на социјално загрозените граѓани, а само во првиот час од почетокот на крводарителската акција се пријавиле 20 граѓани за да даруваат крв. Ротари клуб ја прави оваа хумана акција за да и помогне на заедницата.

Очекуваме денешната акција да биде успешна. Досега имаме колку за еден мал камион собрано облека и обувки. Ова се прави во соработка со Црвен Крст, донациите тие ги преземаат и ќе ги распоредат по нивни мрежи - вели Љупчо Димитриевски, претседател на Ротари клуб Куманово.

Граѓаните во холот ги почестија со грејана ракија, а на акцијата присуствуваа и членови на оркестарот “Романтико„.

 Очекуваме втор бран, наплив на донатори до 15 часот. Точната бројка на крводарители ќе ја знаеме на крајот, но уште на почеток дојдоа 20 луѓе. Очекуваме голем број крводарувања. Ротари клуб Куманово се грижи за социјалите групи на граѓани - рече Бранко Зафировски, тим лидер на акцијата.

Наредната година Ротари ќе организира семинари и ќе донира кошеви за средните училишта во градот.