Мени

„Рурален лекар“ препишува рецепти и дава упати

21.08.2014 11:06 | KumanovoNews

Лекарите кои се дел од проектот “Рурален лекар“ при посета на селата од неодамна можат да препишуваат рецепти и да даваат упати на пациентите.

„Рурален лекар“ препишува рецепти и дава упати

Со ова се зголемени надлежностите на лекарите кои го реализираат проектот “Рурален лекар“ во интерес на пациентите.

“Проектот “Рурален лекар“ е надграден и од минатата недела можеме да пишуваме рецепти и да даваме упати за на специјалист или субспецијалист. Луѓето уште не знаат и одат во град кај својот матичен лекар. Ние ги информираме и треба да знаат дека ако сакаат да им дадеме упат или да им  напишеме рецепт мора да донесат здравствена книшка или електронска здравствена картичка. Во некои села имаме  амбуланти, а  во другите каде немаме обично се сместуваме во школи “ - рече Даниел Додиќ, општ лекар во Здравстен дом Куманово.

Една екипа од Здравствен дом во рамки на “Рурален лекар“ посетува 19 села во кумановско по претходно утврден распоред.