Саем на книга во Куманово
30.06.2014 11:10
| KumanovoNews
Пред Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ до сабота ќе се одржи саем на книга што ја организира издавачкиот центар “Три“.
На саемот можат да се најдат атрактивни наслови белетристика, бизнис, психолошки книги и речници по поволни цени.
- Саемот го правиме седма година по ред и обично правиме караван секое лето во повеќе градови. Сакаме да ги понудиме нашите изданија, бестселери, имаме големи попусти, за секого по нешто има. Ако судиме по минатите години очекуваме добра продажба, бидејќи во Куманово секогаш добро поминуваме, секогаш има голем интерес - вели Милан Јовановски, менаџер за продажба во “Три“.
Саемо ќе трае од 8 до 20 часот.