Шаховски турнир во чест на херојот Карпош
03.02.2014 11:35
| KumanovoNews
Во клубот на армиски и полициски ветерани на 4 февруари во 10 часот ќе се оддржи традиционален шаховски турнир во чест на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош.
Тоа е екипен турнир и го правиме по повод смртта на Карпош. Ќе има 5 екипи и тоа наша екипа, од Здружение на пензионери, АРМ, МВР и Црвен Крст. За најдобрите ќе има пехари, дипломи, благодарници. Турнирот почнавме по сопствена иницијатива да го организираме - рече Александар Мандиќ од Здружение на армиски и полициски ветерани.
Членовите на ова здружение секоја година учествуваат на неколку турнири.