Мени

Сара Ѓорѓијоска на поетски фестивал во Бања Лука

18.04.2014 07:52 | KumanovoNews

 Сара Ѓорѓијоска, ученичка во 8 одделение во основното училиште “Кочо Рацин“ на 25 месецов ќе учествува на поетски фестивал во Бања Лука, како финалист од конкурсот “Детско царство“ кој го распишаа тамошните организатори.

Сара Ѓорѓијоска на поетски фестивал во Бања Лука

Конкурсот беше објавен во Наш свет и Сара е единствен ученик од Куманово кој ќе се претстави во Бања Лука. Последниве три месеци таа има добиено 4 меѓународни награди за поезија и можам да кажам дека ваков поетски талент се раѓа еднаш во 50 години - вели Тања Стоилковиќ, професор по македонски јазик.

Со самото тоа што се пласираше за учество на поетскиот фестивал Сара е најдобра меѓу 2000 кандидати само од Македонија.