СДСМ ги повика граѓаните масовно да излезат на Бадник
Од општинската организација на СДСМ Куманово ги поканија граѓаните на Бадник да излезат на Градскиот плоштад и да присуствуваат на палењето на традиционалниот бадников оган.
Почитувани сограѓани традиционално по осумнаесети пат ОО на СДСМ Куманово организира палење на бадников оган на Градскиот полштад во Куманово. Како и секоја година така и овааа ќе бидат поделени 1000 пактечиња со овошје и 1000 лепчиња во кои за најсреќните наши сограѓани ќе има 10 сребрени парички и еден златник. Традиционалната прослава ќе биде збогатена и со едночасовна културно – уметничка програма. Ве повикуваме сите вас да излезете што помасовно на градскиот плоштад на Бадник во 21 часот и заедно да го прославиме овој голем Христијански празник и да го најавиме христовото раѓање. На крај дозволете ми во името на ОО СДСМ Куманово на сите припадници на православната вероисповест да им ги честитам претстојните Божиќни празници. Христос се роди - изјави Дарко Станојковски, портпарол на општинска организација на СДСМ Куманово.
На настанот ќе има и едночасовна културно - уметничка програма со локални музички имиња.