Мени

СДСМ го запали бадниковиот оган

07.01.2014 13:10 | KumanovoNews

СДСМ по дваесети пат синоќа го запали бадниковиот оган на Градскиот плоштад во Куманово.

СДСМ го запали бадниковиот оган

Од партијата беа поделени над 1000 лепчиња со паричка, исто толку пакетчиња со овошје и топла ракија. Присутните ги поздрави претседателот на општинската организација Мартин Костовски, кој им посака среќни празници, многу здравје и среќа. Оваа година прославата на Бадник беше многу масовна. За забавата се погрижија Нино Величковски, Челик бенд и групата Бисери.