Мени

СДСМ им го честиташе 11 Октомври на граѓаните

10.10.2013 12:15 | KumanovoNews

 Од општинската организација на СДСМ Куманово денеска на прес - конференција им го честитаа престојниот празник 11 Октомври на граѓаните.

СДСМ им го честиташе 11 Октомври на граѓаните

При тоа потсетија дека 11 Октомври е симбол на македонската борба за слобода и ден кога е започнат процесот на создавањето на нашата држава.

Во тие бурни години македонскиот народ ја одбра вистинската страна, а тоа е страната на слободата. Тогаш застанавме рамо до рамо со сите народи кои му се спротивставија на злото кое тогаш владееше, а тоа е фашизмот. Куманово е град херој, горд град бидејќи од тука започна слободарската песна и набргу се рашири по целата држава. Денес сме соочени со поинакви предизвици како што се личната слобода, благосостојбата, еднаквите права на сите наши граѓани. Убедени сме дека ќе успееме - рече Сашо Тодоровски, нов портпарол на СДСМ Куманово.

Тодоровски во име на партијата и во свое лично име на граѓаните на Куманово од муслиманска вероисповест им го честиташе престојниот празник Курбан Бајрам.