Мени

СДСМ со трибина за предизборниот период

07.04.2011 07:05 | KumanovoNews

 Општинската организација на СДСМ организира трибина за актуелната политичка состојба во предизборниот период.На темата ќе зборува потпретседателот на СДСМ Ана Павловска Данева.

СДСМ со трибина за предизборниот период

Гостинката е добар познавач на политичките прилики во Македонија, а мораме да признаеме дека предизборениот период го карактеризира една голема неизвесност, како во однос на самата организација, така и во примената на законите и почитувањето на изборниот законик. Оваа година новина е и гласањето на дијаспората и низа други непознаници, кои ги интересира не само нашите членови, туку и сите граѓани. Затоа ги повикувам да ни се приклучат и да ја проследат трибината - рече Снежана Захариева, претседателка на кумановското СДСМ.

Трибинана ќе биде вечерва во 19 часот во Големата сала на Комитет.