СДСМ утре организира крводарителска акција
13.03.2013 13:58
| KumanovoNews
Од општинската организација на СДСМ ги повикуваат нивните членови, но и сите хумани граѓани утре да се вклучат во акцијата за дарување на крв во Комитет.
По повод Денот на крводарителите, СДСМ Куманово и оваа година ќе организира крводарителска акција. Акцијата ќе се оддржи во просториите на Комитет со почеток од 10 и ќе трае до 16 часот. На оваа акција ги поканувам не само членовите на СДСМ, туку и сите граѓани на Општина Куманово да учествуваат бидејќи оваа наша традиционална крводарителска акција секогаш имала масовност и успех - изјави Валентина Мициќ, претседател на Комисија за здравство во СДСМ Куманово.
Таа очекува дека бројката од 100 единици крв утре ќе биде надмината.