Се асфалтира пат во Младо Нагоричане
25.03.2014 08:43
| KumanovoNews
Во селото Младо Нагоричане се гради пат кој ќе ги поврзе маалата Бузинци и Черкезовци.
Патот е во должина од 1330 метри а чини 10 милиони денари.
Овој асфалтен пат ќе ги поврзе двете мали и ќе им користат осумедесетина жители кои постојано живејат во селото, но и семејствата кои тука имаат викендици. Патот е прокт на Владата кој се реализира преку програмата за реконструкција и рехабилитација на локалните патишта со финасиски сретства од Светската банка - вели Саша Кузмановиќ од сектор за урбанизам во Општина Старо Нагоричане.