Се асфалтира патот од пруга Речица до граница со Србија
19.05.2014 07:55
| KumanovoNews
Општина Липково го асфалтира патот од пругата во Речица до границата со Србија во должина од 7,7 км.
Изградбата е започната и се надеваме дека за месец до два ќе биде готов овој патен правец. Претходно имаше асфалт, но беше многу оштетен и патот беше тесен. Се надеваме дека откако патот до граница ќе биде готов нема да има одолговлекување и ќе се отвори граничен премин со соседна Србија - вели Дије Арифи, раководител на сектор за урбанизам во Општина Липково.
Патот се асфалтира со пари од Светска и Европска банка.