Се ажурира регистарот на невработени
Невработените кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување добиваат формулари кои треба да ги потполнат и да се изјаснат дали активно или пасивно бараат работа.
Во овие формулари треба да се наведе степенот на стручно образование, странски јазици кои граѓанинот ги познава и говори, компјутерски и други вештини. Невработените треба да се изјаснат дали имаат завршено некаков курс или обука од неформално образование. Тие треба да ја наведат и областа во која бараат вработување. На крајот од формуларот невработените треба да потпишат изјава дали активно бараат работа и ќе се пријавуваат секој месец во Агенцијата за вработување или пасивно бараат работа и ќе се пријавуваат на шест месеци.
Со овој потег државата како што беше најавено ќе ги одвои невработените на активни и пасивни.