Се чистеше паркот кај економското училиште
Членови на СДСМ и вработени од ЈП “Чистота и зеленило“ денеска го чистеа паркот кај т.н. Љуљашки во месна заедница “Благоја С.Гојчо“ во близина на економското училиште.
Работници од “Чистота и зеленило“ косеа трева, кастреа дрвја, собираа смет и го изнесуваа со трактор, а членовите на СДСМ ги бојадисаа лулашките.
Ќе продолжиме со овие акции се со цел Куманово да биде почист и поубав град. Ја поздравувам оваа иницијатива на партијата и граѓаните и сакам да истакнам дека ЈП “Чистота и зеленило“ со сите релевантни структури во градот,а пред се општината, ќе даде логистика и подршка на ваквите акции.Ние сме сервис на граѓаните. Досега со иницијатива се јави СДСМ, како и невладините организации, куќните совети, групи на граѓани кои бараат од нас да им се среди просторот пред дворот, куќата, јавните површини - изјави Сашо Петрушевски, директор на ЈП“Чистота и зеленило“.
И следната сабота СДСМ Куманово ќе продолжи со акција за чистење, овојпат во месна заедница Тоде Мендол.
Овој парк значи многу за нашите сограѓани од овие десетина згради. Направивме акција за уредување на зеленилото, поткројување на дрвцата, сечење на тревата. Дел од ова спортско игралиште ќе го бојадисаме за да го вратиме стариот сјај на овој парк. Им се заблагодарувам на ЈП“Чистота и зеленило“ што најдоа слободно време, работна сила за да ја спроведеме оваа акција - рече Мартин Костовски, претседател на ОО на СДСМ Куманово.
Дел од станарите кои живеат во околните згради им помогнаа на учесниците во акцијата и чистеа заедно со нив.
Би сакала почесто да има вакви акции. Тука дечињата ќе си играат и еден апел до граѓаните што живеат тука, ѓубрето да не го фрлаат од терасите долу затоа што никој не е должен да чисти по нив - вели Сунчица Крстевска, граѓанин.
На еко акцијата присуствуваше градоначалникот, вработени во општинската администрација, претставници од општинскиот совет и други.