Се чистеше снегот од кумановските улици
27.11.2013 13:04
| KumanovoNews
Eкипи на претпријатијата задолжени за зимско одржување на улиците доцна синоќа го расчистувала снегот од кумановските улици и фрлиле 80 тони сол, тврдат од Општината Куманово.
Со расчистување во источна и западна зони екипите запопчнаа синоќа во 23 часот. Расчистени се сите улици во градот и фрлено е сол. Завеани села нема бидејќи се работи за мала покривка од неколку сантиметри и немаме никакви поплаки од граѓаните. - вели Момчило Јовановски, помошник раководител во сектор за урбанизам во Општина Куманово.
Од УХМР велат дека снежната обвивка во Куманово утрово била 4 цм. Нови врнежи од снег денеска нема да има, а утре не очекува студен ден и утрински температури под нулата.